Учество на лекарите од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје на 22-от Конгрес на EuGMS
Учество на лекарите од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје на 22-от Конгрес на EuGMS

Од 16 до 18 септември 2026 година, лекарите од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје учествуваа на 22-от Конгрес на Европското здружение за геријатриска медицина (European Geriatric Medicine Society – EuGMS), кој се одржа во Лил, Франција, со поддршка на менаџментот на болницата.

Учеството на овој меѓународен конгрес претставува значајна можност за размена на знаења, искуства и професионални практики со колеги од различни земји.

Континуираната поддршка од менаџментот за професионалниот развој на вработените претставува инвестиција во унапредувањето на професионалните капацитети и во подобрувањето на здравствените услуги што ги обезбедуваме за нашите пациенти.