Во рамките на проектните активности со невладината организација ЦМА КРИК, денес во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје се одржа интерактивна презентација на тема:
„Зелена социјална работа во менталното здравје – од концепт до практична примена“.
Преку интерактивен пристап, учесниците имаа можност да се запознаат со значењето на зелената социјална работа и нејзината практична примена во унапредувањето на менталното здравје, благосостојбата и квалитетот на животот на лицата со ментални нарушувања.
Овие активности претставуваат важен чекор кон воведување на современи пристапи и нови методи во областа на менталното здравје, како и кон јакнење на професионалните знаења и вештини на нашиот кадар.
За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.