Институционална соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа
Институционална соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа

Психијатриската болница Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа одржаа заедничка средба, со фокус на зајакнување на академската и професионалната соработка во областа на менталното здравје.

Во рамките на средбата беше потпишан Меморандум за соработка, кој отвора нови можности за соработка во областа на образованието, професионалната пракса, научно-истражувачката работа и размената на искуства меѓу двете институции.

На средбата присуствуваа деканката на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу-Алили, како и професорите Абдула Тачи и Зебиде Ибраими, професори на студиската програма по Психологија.

Оваа соработка има за цел да создаде трајни мостови меѓу високото образование и професионалната практика, придонесувајќи кон унапредување на професионалниот кадар и развојот на услугите во областа на менталното здравје.

Важен чекор кон посилна соработка, професионален развој и размена на знаења.