Свечено отворање на второто одделение за мажи во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – Скопје
Свечено отворање на второто одделение за мажи во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – Скопје

Денес се одржа свеченото отворање на Второто одделение за мажи, значаен чекор кон подобрување на условите за психијатриски третман и создавање побезбедна и достоинствена средина за пациентите.

На овој настан имавме чест да ги пречекаме министерот за здравство, г.Клековски, градоначалници, директори на институции, институционални претставници, соработници и почитувани гости.

Изразуваме искрена благодарност до сите гости кои нè удостоија со своето присуство, како и до сите оние кои го поддржаа и придонесоа за реализацијата на овој проект. Посебна благодарност до нашиот персонал, кој со посветеност и професионализам секојдневно се грижи за пациентите.
Грижа. Третман. Достоинство.

Тоа се стандардите за кои работиме и кои се стремиме да ги унапредуваме секој ден.

Ви благодариме на сите што бевте дел од овој посебен ден!

ЈЗУ Психијатриска болница Скопје–Скопје

За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.