Денес имавме задоволство да ги пречекаме во Психијатриската болница – Скопје учениците на практична настава од СУГС „Цветан Димов“, предводени од професорката Арјета Муќа Мустафа.
Прекрасни млади луѓе, кои изразија посебен интерес да ги посетат сите одделенија во болницата, одблиску да се запознаат со нашата работа и секојдневните активности, како и да разговараат со нашите пациенти.
Задоволство е да се види кај младите љубопитност, емпатија и подготвеност за учење. Ваквите средби се драгоцена можност за подобро запознавање со менталното здравје, надминување на предрасудите и негување на почитта и хуманоста кон секој поединец.
Благодарност до професорката Арјета Муча Мустафа и учениците за посетата, интересот и позитивната енергија!