Како директор на Психијатриската болница Скопје–Скопје, заедно со десетици лекари од нашата установа, имам чест да учествувам на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија, организирана со поддршка на Светската психијатриска асоцијација (WPA), која се одржа во Охрид.
Оваа конференција собра експерти, професори и предавачи од различни земји во светот, создавајќи значајна можност за размена на искуства, научни сознанија и современи практики во областа на форензичката психијатрија.
Особено сме горди на учеството како предавачи на проф. д-р Димитар Боневски и проф. д-р Лилјана Игњатова, нашите ценети професори, кои со својата експертиза и професионално искуство придонесоа за оваа меѓународна конференција.
Учеството на нашите колеги на вакви настани ја потврдува посветеноста на нашиот стручен кадар кон професионалниот развој, унапредувањето на знаењата и континуираното подигнување на стандардите во психијатриската здравствена заштита.
Како установа, ќе продолжиме да го поддржуваме континуираното стручно усовршување, професионалната соработка и меѓународната размена на искуства, со цел новите знаења да ги преточиме во поквалитетна грижа, подобар третман и поголемо почитување на достоинството на секој пациент.