Во рамките на соработката помеѓу ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“-Скопје и невладината организација ЦМА „КРИК“-Македонија, денес беа реализирани активности за раззеленување и уредување на паркот во рамките на Одделот за ургентна психијатрија.
Во активноста учествуваа корисници на здравствени услуги од Одделението за работна терапија, професионалци од повеќе области на менталното здравје и волонтери од ЦМА „КРИК“.
Ваквите активности се дел од психосоцијалните рехабилитациски програми, со фокус на социјализација, интеграција и мултисекторски пристап кон менталното здравје.
За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.