Подобрувањето на условите за работа на нашиот персонал е еден од нашите приоритети.
Денес реализиравме набавка на нова ИТ опрема за вработените во Психијатриската болница Скопје, со што создаваме помодерни, пофункционални и поефикасни услови за секојдневната работа.
Ова е уште еден конкретен чекор во процесот на модернизација на установата – бидејќи една современа болница не подразбира само реновирани простории и медицинска опрема, туку и современа технологија и достоинствени услови за вработените.
Секоја инвестиција што ја реализираме има јасна цел:
поголема ефикасност во работата, подобра организација и поквалитетни услуги за нашите пациенти.
Работата продолжува. Резултатите се видливи.