Помеѓу умот и ѕидовите: Какво е секојдневието во Психијатриската болница Бардовци
Помеѓу умот и ѕидовите: Какво е секојдневието во Психијатриската болница Бардовци

Репортажа реализирана од новинарката Агнеса Чаволи, која одблизу ја прикажува секојдневната реалност во Психијатриската болница „Скопје“.

Нашата цел е преку отворање на институцијата и директна комуникација со јавноста да придонесеме кон намалување на стигмата поврзана со менталното здравје, рушење на предрасудите и подигање на јавната свест дека менталните заболувања се дел од здравјето и заслужуваат третман, достоинство, разбирање и почит.

Од моето доаѓање на функцијата директор, ветивме дека Психијатриската болница „Скопје“ ќе биде транспарентна институција со отворени врати за сите – за граѓаните, семејствата, медиумите и сите оние кои сакаат одблизу да ја видат нашата работа и напорите што ги вложуваме. Денес, со конкретни дела, покажуваме дека ова ветување го исполнуваме.

Зад секоја врата на болницата стои една човечка приказна. Затоа, наша заедничка одговорност е да зборуваме повеќе за менталното здравје, а помалку за предрасудите.

Упатуваме благодарност до новинарката Агнеса Чаволи за професионалноста и човечкиот пристап во обработката на оваа важна тема.

Да ја отстраниме стигмата. Да ја подигнеме свеста. Да изградиме похумано општество со поголема грижа за менталното здравје.