Учество на лекарите од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје на 26-тиот Светски конгрес на психијатријата во Стокхолм
Учество на лекарите од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје на 26-тиот Светски конгрес на психијатријата во Стокхолм

Од 23 до 26 септември 2026 година, се одржа 26-тиот Светски конгрес на психијатријата, значаен меѓународен настан за размена на знаења, искуства и современи практики во областа на менталното здравје.

Горди сме што на овој меѓународен настан учествуваа и лекари од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, претставувајќи ја нашата институција и имајќи можност да следат предавања, дискусии и презентации од познати експерти по психијатрија од различни земји во светот.

Веруваме дека инвестицијата во нашите професионалци е истовремено инвестиција во менталното здравје, пациентите и иднината на нашата институција.