Во рамки на континуираната соработка со Државниот Универзитет во Тетово, денес во нашата установа практична настава реализираа студентите од Филозофскиот факултет – студиската група по Психологија, под менторство на асс. Фатиме Таири.
За време на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на установата, професионалниот пристап кон пациентите, како и со значењето на клиничката пракса во нивното академско и професионално усовршување.
Веруваме дека ваквите активности претставуваат важен мост на соработка помеѓу образовните и здравствените институции, придонесувајќи за подготовка на нови професионални кадри во областа на психологијата и менталното здравје.
За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.