Практична настава и професионална соработка со студентите од Медицинскиот факултет
Практична настава и професионална соработка со студентите од Медицинскиот факултет

Нашата болница продолжува да ги отвора вратите за соработка со универзитетите и образовните институции во земјата, со цел унапредување на практичната едукација на студентите и подобрување на грижата за нашите пациенти. 

Денес во нашата болница се реализираше професионална посета и практична настава со студентите предводени од асс.др-Викторија Василевска од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет, Катедра по психијатрија. 

За време на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на нашата институција, третманот и грижата за пациентите, како и со практичната работа во областа на психијатријата. Практичната настава беше водена од нашата докторка, Бехије Нухији, која со студентите го сподели своето професионално искуство и знаење. 

Веруваме дека ваквите соработки претставуваат значаен мост помеѓу образованието и професионалната пракса, во корист на студентите, пациентите и целото општество.

За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.