Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје
Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Денес имавме чест да го пречекаме проф. д-р Беким Фетаи, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, придружуван од доц. д-р Нита Белули Лума, продекан на Факултетот за општествени науки, м-р Бујар Кајоли, раководител на Одделот за меѓународни односи и вршител на должност секретар на Факултетот за општествени науки, како и група студенти.

За време на посетата на нашата институција, гостите беа одблиску запознаени со болничките простории, условите и професионалниот кадар. Посебен акцент на оваа посета беше потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции, кој има за цел унапредување на соработката во областа на образованието, професионалната пракса, заедничките проекти и размената на професионални искуства.

Оваа соработка претставува важен чекор кон зајакнување на врската помеѓу академските и здравствените институции, во функција на професионалниот развој и подобрувањето на услугите кон заедницата