Инвестираме во похумани и поквалитетни услови за лекување
Инвестираме во похумани и поквалитетни услови за лекување

Одделот за Ургентна психијатрија подолг временски период функционираше во услови кои не ги исполнуваат потребните стандарди за достоинствен третман на пациентите. 

По краток период на менаџирање како директор, успеавме да обезбедиме потребен буџет и веќе започнаа работите за целосно реновирање на овој оддел. Ова претставува важен чекор кон подобрување на условите и обезбедување поквалитетни и похумани услуги за пациентите. 

Истовремено, ве замолуваме за разбирање и ве информираме дека поради тековните работи, привремено нема да имаме можност да примаме нови пациенти во овој оддел, сè до нивното завршување. Ви благодариме за разбирањето и поддршката!

За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.