Денес имавме чест да ги пречекаме студентите од насоката по медицински сестри од Балканскиот Универзитет IBU, предводени од асистентката Сузана Шабани.
За време на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со нашата секојдневна работа, условите во установата, како и начинот на третман и грижа за пациентите. Оваа посета претставува одлична можност за поврзување на теоријата со практиката и за подобра подготовка на идните здравствени професионалци.
Ваквите посети секогаш претставуваат важен чекор кон градење на квалитетен кадар во здравствениот систем.
За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.