Благодарност за хумана донација: Fondacioni NUN донираше моторизиран болнички кревет за подобра грижа на пациентите
Благодарност за хумана донација: Fondacioni NUN донираше моторизиран болнички кревет за подобра грижа на пациентите

Со задоволство и благодарност известуваме дека нашата болница прими донација од Fondacioni NUN, моторизиран болнички кревет кој директно ќе придонесе за подобрување на условите и грижата за нашите пациенти. 

Овој хуман гест претставува значајна поддршка за нашата институција и важен чекор кон унапредување на болничките услови и олеснување на работата на медицинскиот персонал. Изразуваме искрена благодарност за покажаната солидарност и хуманост од страна на Fondacioni NUN, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.