Акција за засадување цвеќе во Психијатриската болница „Скопје“
Акција за засадување цвеќе во Психијатриската болница „Скопје“

Во рамките на активностите за уредување и разубавување на болничката средина, денес реализиравме акција за засадување цвеќе во дворот на нашата установа. Веруваме дека уредената, зелена и пријатна околина позитивно влијае врз благосостојбата на пациентите и создава подобра атмосфера за сите.

Посебна благодарност упатуваме до директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, и Јасир Али, кои ги донираа цвеќињата и лично присуствуваа на акцијата, придонесувајќи заедно со нас во разубавувањето на болничкиот двор.

Исто така, искрена благодарност до вработените во нашата установа, кои со својата посветеност и ангажман учествуваа во засадувањето на цвеќето и уште еднаш ја покажаа својата грижа за средината во која престојуваат и се лекуваат нашите пациенти.

 Заедно создаваме поубав, позелен и похуман простор за сите.

За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.