12 Мај – Светски ден на медицинските сестри
12 Мај – Светски ден на медицинските сестри

Денес, на Меѓународниот ден на медицинските сестри, изразуваме најголема благодарност и почит до сите медицински сестри кои секојдневно со посветеност, хуманост и професионалност се грижат за нашите пациенти.

Медицинските сестри се срцето на здравствениот систем — тие се покрај пациентите во најтешките моменти, нудејќи не само здравствена грижа, туку и поддршка, утеха и надеж. Жртвата, трпението и одговорноста што ја покажувате секој ден заслужуваат посебна почит.

По тој повод, главната сестра на нашата болница беше гостинка во емисијата „Ритамот на денот“ на TVM2, каде зборуваше за улогата и значењето на медицинските сестри во здравствениот систем, како и за нивната секојдневна посветеност и предизвици.

Среќен Меѓународен ден на медицинските сестри и благодарам за сè што правите за пациентите и нашето општество!

За повеќе информации и видео, погледнете на YouTube.