Во репортажата реализирана во Судското одделение на Психијатриската болница Скопје беа прикажани актуелните услови и предизвиците со кои се соочува ова одделение. Преку снимки од терен беше истакната потребата од инвестиции и подобрување на инфраструктурата, со цел обезбедување подобри услови за лекување, рехабилитација и работа на здравствениот персонал.
Остануваме посветени на укажување на реалните потреби на установата и на изнаоѓање конкретни решенија во интерес на пациентите и вработените.
За повеќе информации и видео од тековните активности, погледнете на нашиот Facebook профил.