Одлука за избор на кандидати за вработување на административни службеници:
Формално историјата на Болницата започнува со Одлуката за основање на републичка Болница за душевно болни во с. Бардовци, објавена во “Службен весник на НРМ” од 17 декември 1954. Целта, според истиот извор е : “…да ги прибира, сместува и лекува душевно-болните лица од НРМ..” Задачите, дефинирани според еден друг документ (решение на И.С. бр.341) се: “…да се бави со научно истражувачка работа и да работи на унапредувањето на превентивата и на терапевтската дејност во сузбивањето и лечењето на нервни и душевни болести и да го обезбедува обавувањето на научната и истражувачка работа со дидактичка цел за потребите на Медицинскиот факултет на Универзитеот во Скопје”.