• +389(0)2 30 95 607

  • pbskopje@pbskopje.org.mk

  • Скопје, "Пролетерска", б.б., 1000 Скопје

Како специјализирана јавно здравствена установа, болницата врши болничка здравствена дејност и специјалистичко-консултативна здравствена дејност на секундарно ниво од областа на психијатријата, за лица со ментални нарушувања над 18-годишна возраст.
Болничката здравствена дејност опфаќа дијагностика, лекување и здравствена нега; третман на злоупотреба и зависност од алкохол; медицинска рехабилитација преку подобрување и компензација на постојаните штетувања со примена на специфични методи (психотерапија, социотерапија, работна терапија, окупациона терапија и друг вид терапија) и палијативна нега која заради здравствената состојба на пациентот или видот на интервенцијата не е можно да се врши или да продолжи во специјалистичко-консултативна здравствена дејност на секундарно ниво, односно на примарно ниво или во домот на пациентот или во друга установа.
Специјализираната болница врши здравствена дејност на итна медицинска помош преку прием и згрижување на ургентни медицински случаи од областа на психијатријата; дејност на превенција и третман на злоупотреба и зависност од алкохол, дроги и други психоактивни супстанции;
здравствен третман за заштита и унапредување на ментално здравје заради рехабилитација и реинтеграција во средината, како и дејност на нега и терапевтска дејност во рамките на болничката здравствена дејност, и специјалистчко-консултативна дејност во болнички и домашни услови , и обезбедување на болнички третираните пациенти со лекови.
Специјализираната болница спроведува специјалистичко-консултативна здравствена заштита на секундарно ниво за видовите здравствена дејност за кои врши болничка здравствена дејност, врши амбулантски прегледи со упат од избраниот лекар или друг лекар специјалист, здравствени третмани кои се вршат на секундарно ниво и дејност на дневна болница за третман на пациентот.
Специјализираната болница обезбедува прием, дијагностицирање, лекување, набљудување, чување во соработка со надлежен орган за извршување на санкциите и сместување на лица упатени од надлежен суд или од надлежен орган за извршување на санкциите, како и изработка на психијатриски вештачења и издавање вешти наоди и мислења од судско-психијатриски аспект.
Податоците од и во вршењето на дејноста можат да се употребуваат, во согласност со прописите за заштита на правата на пациентите, за заштита на личните податоци и за евиденциите во областа на здравството, како извор за статистички и истражувачки работи насочени кон чување и унапредување на здравјето и здравствената заштита на поединецот, унапредување на дејноста, на квалитетот на здравствената заштита и на вкупните знаења во својата област, кои не опфаќаат вршење на клинички или експериментални истражувања на лицата со ментална болест.

Специјализираната болница може да учествува во образованието на кадри во областа на психијатријата и други сродни гранки од медицината и од други сродни области, согласно со потребите на медицинскиот факултет за спроведување на студиските програми и на други образовни институции од областа на медицината, психологијата и социјалната работа за спроведување на наставните програми.

Во вршењето на здравствената дејност и во спроведувањето на образовната дејност, како функционална целина во Специјализираната болница, лицата избрани во наставно-научни и соработнички звања во високообразовна установа вршат високообразовна дејност .