НОВОСТИ Новости од П.БСкопје

По темелната реконструкција, пуштени се во употреба Одделението за ургентни состојби во психијатрија

0 Comments
779
28 Oct 2016

Со цел да се подобрат условите за престој и лекување, и да се зголеми безбедноста на пациентите и на персоналот,  спроведена целосна реконструкција на Одделението и тоа:

1. Целосно обновување на електричната, слабострујна инсталација;

2. Целосно менување на подовите;

3. Поставување на нови прозорци и врати на целото одделение;

4. Варосување на целото одделение и поставување на заштитни плочки на ѕидовите на ходниците;

5. Нава фасада на одделението.

Во Централната болничка кујна секојдневно подготвуваат 1200 оброци и се пече леб за пациентите на лекување. Објектот - Болничка кујна со пекара се наоѓаше во руинирана состојба со незадоволителни хигиенско-санитарни услови за работа.Со реконструкцијата на објектот се изврши :

1. Реконструкција на слабострујната инсталација;

2. Реновирање на санитарните јазли;

3. Ѕидно и подно поплочување на работните и санитарните простории;

4. Поставување на целосно нова дрвенарија: врати и прозорци;

5. Варосување на внатрешноста на објектот;

6. Изведување  на нова фасада.

Вредноста на градежните работи изнесува  10.500 денари, а средствата во целост се обезбедени од сопствени буџетски средства на Болницата.

Реконструираните објекти свечено ги пушти во работа директорот на Болницата м-р Ќамиљ Ковачи во присуство на државниот скретар во Министерството за здравство г-дин Насуф Ипчја, директорот на Фондот за здравствено осигурување г-дин Орхан Рамадани и бројни гости и вработени.

Last Modified: Tuesday 01 November 2016 09:09
Related Articles: Нов дизајн на веб страна