НОВОСТИ Новости од П.БСкопје

Интерен оглас

0 Comments
798
01 Dec 2016

Врз основа на член 148 и член 149 од Законот за здравствена заштита, согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно со мрежата на здавствени установи (2015-2018) од Сл.весник број 183/2016 година и Одлуката донесена на Управен одбор бр.02-1250 од 23.11 2016 година ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ - Скопје објавува

 И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

За доделување на две (2) суппсецијализации од областа на     психијатрија и тоа една (1) по социјална психијатрија и  една (1) по форензичка психијатрија

1.    Се објавува интерен Оглас за доделување на две (2) суппсецијализации од областа на психијатрија и тоа една (1) по социјална психијатрија и една (1) по форензичка психијатрија.

2.    На оглсот можат да се јават сите кандидати кои ги исполнуваат условите согласно Законот како и условот да по завршување на супспецијализацијата имаат работен стаж од најмалку 10 години.

3.    Супспецијализацијата ќе се доделува согласно критериумите утврдени во Законот за здравствена заштита и тоа:

-       70% од бодовите за просечниот успех на кандидатот постигнат во високото образование;

-       20% за успехот по предметот во областа од која се доделува супспецијализацијата;

-       10% од бодовите за должината на работното искуство.

4.    Болницата ги сноси сите трошоци во врска со супспецијализацијата, а со вработените кои се упатуваат на супспецијализација ќе склучи посебен договор во кој ќе се утврдат обврските со вработените упатени на супспецијализација.

5.    Огласот трае пет (5) дена од денот на објавување, а ќе биде објавен на веб страната и огласната табла на болницата.

6.    Комисијата ќе изготви ранг листа од пријавените кандидати во рок од три (3) дена и ќе ја достави до Стручниот колегиум на болницата на разгледување, а одлуката ќе ја  донесе Управниот одбор.

                                        ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈА ЗА УПАТУВАЊЕ НА  СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

Last Modified: Friday 02 December 2016 10:46
Related Articles: Јавен оглас